Биографија

Осврт на животот и кариерата

Проф. д-р Билјана Ванковска е универзитетски професор и колумнист, активна во повеќе меѓународни научни здруженија. Во јавноста е позната како чест гостин на домашни и странски медиуми и коментатор на актуелните политички и меѓународни случувања.

Билјана Ванковска е родена во Скопје во 1959 година, во четиричлено семејство кај татко графички работник (линотипер) и мајка-домаќинка. Основното и средното образование (гимназија) завршила со континуиран одличен успех, како првенец на генерацијата. Правниот факултет во Скопје (политичко-управна насока) го завршила во април 1982 година, за 3,5 години, како втор најдобар студент на генерацијата. Магистрирала (1987), а докторирала (1992) година на Правниот факултет во Скопје, на тема за улогата на војската во политиката.

Првото вработување е како судиски приправник во Општинскиот суд Скопје I – Скопје, каде работи од 1982 до 1983. Оттаму преминува на Филозофскиот факултет каде се вработува како помлад асистент на предметите од правно-политичката област во 1983. По докторирањето, во 1993 е избрана за доцент, пет години подоцна за вонреден професор... Повеќе »

Видео

Архива од јавни и медиумски настапи

Изјава за АлЏезира за студентските протести

Говор за реформите во високото образование

Дискусијата после филмот Pink Floyd - The Wall

Oko magazin: Makedonska antička priča

Curriculum Vitae

18 страници професионално искуство