Гостување на Ванковска во Анализа 24

Се почна со еден фејсбук статус за безмалку едно деноноќие да препрасне во речиси медиумска и сензација по социјалните мрежи. Професорката Билјана Ванковска најави намера да се кандидира за претседател на државата.

Што ве мотивираше?

Искрено речено, ова навистина дојде како еден спонтан потег, колку и да имате истражувачко новинарство не верувам дека по некое време ќе откриете дека во некакви кругови ова било договарано, крчако, размислувано. Во таа смисла сум сосема искрена дека во еден момент веројатно се прекрши нешто во мене, нешто што со години – морам да кажам како интелектуалец кој секогаш бил во овие први фронтални линии – ме оптоварувало, една дилема која е и морална меѓудругото, а која секогаш ми ја поставувале на улица, ми ја артикулирале обичните граѓани, и тоа обично пред избори. Зошто не се кандидирате? Зошто луѓе како вас не одат во политика туку вие е сосема лагодно кога критикувате, кога анализирате, си седите во вашиот професорски кабинет и не преземате никаква одговорност за општеството.

Меѓутоа, претпоставувам пред да го напишете тој фејсбук статус и оние 2000 лајкови за кои што сега многу се коментира, дека сте размислувале за сето тоа. Зошто да се напушти комоцијата да се биде од другата страна и секогаш против политиката, и да се влезе внатре?

Јас мислам дека прво секогаш била погрешна тезата дека јас сум била надвор од политиката. Јас сум била надвор и останувам надовр од партиската политика. Значи, околу мене, зад мене, пред мене, нема партиски структури и тоа останува како мое принципиелно начело. Меѓутоа целиот мој јавен ангажман бил политички, и тоа како политички затоа што најчесто сме разговарале за такви теми. Ако ме прашувате поконкретно, што е тоа што ме поттикнало, ќе ви кажам една недамнешна работа за која всушност напишав и колумна. Се повлеков од иницијативата РЕКОМ, односно не од целата иницијатива туку од позицијата јавен заговарач, затоа што се удрив во ѕид. Се удрив односно се соочив со немоќта на цивилното општество, на интелектуалецот да промени нешто во политичката свест, во политичката стварност. Тоа се случи токму пред кабинетот на претседателот Иванов каде што не успеав да издејствувам тој именуван претставник на Македонија за иницијативата РЕКОМ да почне активност да учествува во тие разговори. Во тој момент сметав дека од морални причини, не сум ја постигнала целта и треба да се повлечам. Втората мисла беше, и тоа во комуникација со моите колеги од регионот, дека веројатно најлесниот начин да променам нешто е да е да седнам на таа фотелја и да почнам да работам на тоа.

За повеќе од интервјуто на проф. Ванковска во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 Вести, погледнете го видеото подолу.

Извор: 24 Вести