Гостување на Ванковска во „Патот кон…“

На партиите веќе им се стеснува просторот за маневрирање, во однос на тоа и тактизирањето кои ќе бидат нивните фаворити, кандидати за престојните претседателски избори и сè поизвесно е дека може да се донесе одлука за предвремени парламентарни избори. Гости во емисијата се проф. Билјана Ванковска и Стојанче Ангелов, лидер на партијата Достоинство. Лица кои покажаа аспирации да бидат дел од трката за шеф на државата.

Што ве поттикна професорке да преземете еден ваков чекор?

Практично јас сум последната од групата на луѓе кои јавно излегоа со амбиции да се натпреваруваат за оваа функција. Веројатно некакви причини си постоеле, меѓутоа нормално се случува тригер, еден момент во кој се судирате од позиција на интелектуалец кој 20 години е надвор од политика, надвор од било какви партиски шеми, никогаш не бил носител на јавна функција односно на моќ и позиција на одлучува, кога се соочувата со својата немоќ со својот глас како професор, интелектуалец, колумнист и активист да промените нешто, и доаѓа моментот во кој си велите – па зошто јас не би пробал, зошто јас би била онаа, да речам, политичка девица која секогаш би се држела настрана. И, знаете, секогаш сум ги добивала тие прекорувања, понекогаш – вие сте толку присутна во тие политички дебати, го креирате јавното мислење, меѓутоа не се осмелувате односно удобно ви е во вашиот професорски кабинет. Јас тоа веќе јавно го кажав дека се изненадив од самата себе кога решив да тргнам во ова. Сега кога сум веќе на овој пат, сега ми изгледа многу поедноставно отколку што порано сум мислела. Мислам дека придонесот на независните кандидати ќе внесе свежина во црно-белиот свет или јас би сакала овие претседателски избори да изобилуваат со дебата, со различни позиции кои не се однапред препознатливи, затоа што партиите знаеме веќе какви политики водат, и јас се надевам дека ние ќе успееме да влеземе прво во таа рамноправна битка, па потоа да ја збогатиме и дебатата. А каков ќе биде резултатот останува на граѓаните.

За повеќе од интервјуто на проф. Ванковска во емисијата „Патот кон…“ на ТВ АЛСАТ-М, погледнете го видеото подолу.

Извор: АЛСАТ-М