Без лифтинг за на митинг и со интернет кампања во трката за претседател

Професорката Билјана Ванковска освен што е засега прва жена која најави дека ќе ја трча претседателската трка, таа својата кандидатура ја услови на необичен начин-преку нејзиниот статус на фејсбук побара 2000 лајкови за да ја официјализира кандидурата и да почне да ги собира неопходните 10.000 потписи во подрачните единици на ДИК.

Ванковска зборува за лошата политичка ситуација и длабоката криза во која се наоѓа Македонија, за недостатокот на независност во претседателската функција, но и за работата на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, за кого Ванковска рече дека е огромно разочарување. Го прокоментира и последниот негов настап на Универзитетот Ломоносов во Москва, каде според неа Иванов студентите ги учи дека сме им позајмиле јазик, а тоа го соопштува во земја со изграден идентитет и историја.

Ванковска вели дека не се плаши од евентуална валкана кампања со лични и професионални дискредитации. Најави е-кампања, без буџет, на волентерска основа на ентузијастите околу неа, и без лифтинг за појавување на митинг.

Професорката рече дека ова се можеби последните претседателски избори каде шефот на државата ќе се бира на непосредни избори.

Ѓорѓе Иванов е големо разочарување, иако тој е некој со кој јас сум студирала. Ние сме иста генерација на студии, некој кој ми бил колега, аналитичар на времето пред да стане претседател. Очекував да биде подостоинствен, погласен, поактивен и да не дозволи Премиерот да му кажува дали ќе оди во Обединетите нации или не.

Мене она што ме фрапираше е како може во Русија кај една нација која се гордее со својот идентитет, кој има свои длабоки корени, вие да им кажувате дека практично јазикот сте им го позајмиле или дека од тука потекнува. Ме враќа на онаа теза дека македонството потекнува од амебите низ антиката. Многу несериозна тема иако професорот Иванов таму држел предавање требало да си се држи до својата област, а не да се меша во области кои не ги знае. – рече Билјана Ванковска.

Целосното интервју дадено за A1Он ТВ можете да го погледнете во прилог.

Извор: А1Он ТВ