Демант: Трката за потписи продолжува

Вчера во вечерните часови, низ некои медиуми и портали, проструи наводна вест дека професорката Ванковска ја прекинува трката за собирање на потписи. Најостро ја демантираме таа дезинформација, заснована на наводна објава на Фејсбук. Цениме дека станува збор за потег насочен кон обесхрабрување на граѓаните кои во овие преостанати пет дена сакаат да го дадат својот потпис за кандидатурата на проф. Ванковска.

Списоците за собирање потписи остануваат во канцелариите на ДИК сè до самиот крај, на 2 март (недела) до полноќ, кога истекува законскиот рок. Конечниот резултат ќе биде објавен лично од проф. Ванковска по собирањето на сите списоци дистрибуирани низ Републиката.

Тимот на Ванковска