Пламенот, Мирот, Сонцето!

После првичниот наплив на емоции по социјалниве мрежи, жената со челична волја ја покажа истрајноста кон својата мисија да ја донесе различноста поблиску до народот, барем до онај самоосвестениот, бунтовниот, одговорен и храбар граѓанин!

Просто е неверојатно колку лесно може да дојде човек до оваа дама, па така и јас полн со надеж дека ќе допрам до некој за прв пат, напишав порака во која ја прашав за идејата зад нејзиното официјално лого.

Ете не поминаа неколку минути кога јас веќе читав реферат! Да бре луѓе не лажам, обичен каков што сум, прашав и оп за некое чудо добив одговор. Тоа укажува на приземноста и искреноста на Проф. Ванковска, дава надеж дека таа е избор кој секогаш ќе биде на страната на своите граѓани, кој секогаш ќе даде одговор на испружена рака!

Кога ќе ја сретнам, ќе се сликам ама не за на фејсбук (бидејќи нема да биде раритет само јас да се слика како што си ставате слики од партиски лидери, претседатели, пратеници), не бре ќе си ја чувам онака по дома на витрина.

А, да сакав да ви кажам за логот. Е па вака: Гулабот кој ја носи симболиката на чистината, искреноста, слободата во себе, тој е симбол на мирот и гласоносецот! Проф. Ванковска вели иако гулабот е кроток по природа неговата појава нуди надеж и силно одекнува во тишината. Крилјата се во знак на пламенот – страсни, жестоки и истрајни. На гради му лежи македонското сонце чии краци на едната страна се поистоветуваат со пламенот – вејќе и гулабот станал истраен, со страст и жестина да ја пренесе пораката. На десната страна пак очите на гулабот се зракот на македонското сонце кое редно време е да не огрее затоа што неговиот поглед е зракот на светлината.

Со ваква страст, истрајност, борбен дух се оди кон промена! Ова е промената – се случува!

Искрено,
Активистот

Извор: Од блогот на Активистот