Ванковска за 3zzz Radio од Австралија

Интервју со професорката Билјана Ванковска за претседателските избори во Македонија на 13 и 23 април 2014 година. За македонската радио програма на 3zzz Radio таа изјави дека проблемот со името е тешко решлив и дека каква било промена на името поврзано е со идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Професорката Билјана Ванковска верува дека ќе собере 10000 потписи и дека ќе учествува на изборите како независен кандидат. Таа смета дека овој исчекор ќе внесе голема промена во црно-белиот свет во Македонија и почеток на крајот на деспотизмот на големите политички партии и нивните послушни гласачи.

Целосното интервју дадено за австралиското радио е достапно за преслушување во прилог.