Жената со челична волја

Левијатанот на партизацијата метастазираше и се прелеа во сите сфери на општественото живеење, така што слободата е задушена во почетокот затоа што е диригирана од одредени центри. Во таква ситуација, граѓаните (ако можеме така да ги наречеме луѓето сведени на поданици) станаа очајници што мораат да фатат страна за корка сува леб или лица што се повлекоа во сопствената лушпа и сопствениот очај.

Биљана Ванковска веќе неколку дена е активна на социјалните мрежи пробувајќи да ја мобилизира критичната, освестена македонска граѓанска маса, да со заеднички сили се соберат 10.000 (илјади) потребни потписи за нејзината кандидатура како независен кандидат во претстојните претседателски избори во Р. Македонија.
Биљана Ванковска е професор на универзитетот Св. Кирил и Методиј и во својата кариера има постигнато инзвонредни резултати. Активно се залага зa граѓанските права, освестување на граѓаните и ослободување од политичките притисоци кои секој од нас ги трпи последните 23 години.

Таргетот е кон оние неопределените. Но зар вие студенти, кои денес сте во огромен број, не се залагавте за студентска диплома со цел да се спознаете себеси како независни, со критичка мисла граѓани, со работа во која ќе може да се остварите, преобразите, со бизнис клима која ќе ве потикне, а не дотолчи? Да се разбереме, со политика на молчење и послушност, со политика на пасивност, со политика на мирно дочекување на закони кои се косат со човековите права и слободи, нема иднина.

Јас би се придружил во молбата на Проф. Ванковска, барем од 16 фебруари до 2 март да ги оставиме настрана разликите, да дозволиме да провее бранот на нови идеи од жена која целиот живот го посветила на проучување на политиката, да дадеме шанса рамноправно да се бори во претседателската трка со давање на скромен придонес со потпишување на нејзината кандидатура. Да не мрчиме како ни е тешко и мрачно, туку да ја зграбиме приликата и да покажеме дека ние како граѓани знаеме подобро и можеме подобро. Моќта е во наши раце, моќта ја имаме ние, задачата е наша, оговорноста ја сносиме сите подеднакво за секој успех и за секој неуспех на оваа земја. Еднаш после толку години да се обединиме и да ја покажеме моќта на нашите гласови. Во прилог ви ги оставам официјалните социјални канали кои Проф. Ванковска ги користи за да комуницира.

Извор: Од блогот на Активистот