Изјава за Подгорички „Монитор“ околу општествените аспекти на трагедијата во Македонија

Деновиве Македонија одбележува 15 години од конфликтот. Иронијата на судбината сакаше природната катастрофа да удри во регионот во кој тогаш се водеа најжестоките битки. Природната непогода најјасно ја оцрта сета општествена катастрофа, па сега се излива сето она што се насобра за 25 години државност: социјалните разлики, политичките поделби, нефункционални институции, некадарност и партизираност, корупцијата и јавашлакот. На теренот се виде дека институциите беа и останаа фасада од хартија, која сега водата ја однесе. Парадирањето пред камери на лидерите на двете најголеми партии (првенствено, на Груевски), на министрите и градоначалниците беше повеќе политички театар, кој не само што не помагаше никому, туку и им одмагаше на оние кои се дават во кал. На јавната сцена, дури и во вакви моменти, доминира политичката нетрпеливост, па несреќата се става првенствено во политички (предизборен) контекст, а многу помалку во хуманитарен: властите настојуваат да глумат способност да се справат со ситуацијата, опозицијата прави сѐ за да го докаже спротивното, а внатре во протесното движење настана расцеп помеѓу оние кои и натаму повеќе би сакале да протестираат и бараат одговорност и оставки, и оние кои почнаа конкретно да се здружуваат за да ја заменат непостоечката држава и со свои раце да им помогнат на настраданите. И во овој случај ја потврди старата теза дека во вакви тешки времиња кај луѓето се будат најблагородните, но и најтемните пориви (настраданите не се исклучок, и тие се само луѓе). Многу пострашно е што никому не му се верува: не само на надлежните институции (Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, итн.), туку дури и на Црвениот крст! Мнозина од нас беа погодени од рамнодушноста на граѓаните во регионот којшто не се солидаризираа како што ние сторивме во 2014 година. Македонското општество, пак, дури сега ги прави првите чекори кон внатрешна солидаризација и креирање на „општество на партиципација“, кое во најтешките моменти ќе ја замени непостоечката држава. За жал, жртвите немаат време да чекаат институциите да проработат или граѓанското општество да сфати дека митот за социјалната држава посветена на потребите на граѓаните, како и оној за одговорната власт, се одамна мртви, уште од ураганот Катрина, ако не и уште пред него. // Билјана Ванковска


Во прилог изјавата во оригинална форма, на српски јазик: Ovih dana Makedonija obeležava 15-godišnjicu od etničkog sukoba. Ironijom sudbine, prirodna katastrofa (vodena stihija koja je odnela nekoliko desetaka žrtava i oštetila domove više od 20.000 ljudi) „odabrala“ je region gde su se tada vodile najžešće bitke. Ispod površine prirodne nepogode se sve jasnije ocrtava društvena katastrofa, a sada se preliva sve ono što se nakupilo u 25 godina državnosti: socijalne i političke podele, nefunkcionalne institucije, nesposobnost i partiziranost organa za spašavanje (uključujući i Crveni krst), korupcija i javašluk. Na terenu se vidi da su institucije bile i ostale papirna fasada koju je voda odnjela. Paradiranje ispred kamera lidera dve najveće stranke (prije svega, bivšeg premijera Gruevskog), ministara i gradonačelnika je više političko pozorište, koje ne pomaže nikome, najmanje onima koji se dave u blatu. Na javnoj sceni čak i u ovakvim trenucima dominira politička netrpeljivost, pa se nesreća stavlja najprije u politički (i predizborni) kontekst, a manje u humanitarni: vlasti nastoje pokazati kako su sposobne, opozicija radi sve da pokaže suprotno, a unutar protestnog pokreta deoba između onih koji bi radije i dalje protestirali i onih koji se konkretno udružuju da bi zamenili nepostojeću državu i svojim rukama pomogli nastradalima. I ovde se potvrđuje teza o ovakvim vremenima kada se kod ljudi probude najplemenitiji, ali i najtamniji porivi. Mnogo strašnije je da se nikome ne veruje: ne samo institucijama (Centru za upravljanje krizama, Direkciji za zaštitu i spašavanje, itd.), nego čak i Crvenom krstu! Ipak, najstrašnije je to što niti se region bivše Jugoslavio nešto previše uznemirio ili solidirizirao kao što je to bio slučaj 2014., a makedonsko društvo tek sada pravi prve korake ka unutrašnjoj solidarizaciji i ka „društvu participacije“, koje će bar u trenutku urgentnosti zameniti nepostojeću državu. Nažalost, žrtve nemaju vremena da čekaju da institucije prorade, ili da civilno društvo nauči da je mit o socijalnoj državi i odgovornoj vlasti odavno mrtvo, još od Katrine, ako ne i daleko prije.


Фотографија: Robert Atanasovski/AFP виа IBT