Маската на „нормалноста“

Искушението да одговорам на обвинувањата дека со минатонеделната колумна сум ги оправдувала терористичките акти во Париз (и тоа од националистички побуди!?) или потребата да се осврнам на подгреаните тези за федерализација, овој пат нема да ме дефокусираат и спречат да напишам нешто што одамна го имам на ум. Аждерот на политиката е ненаситен: се наметнува како најважен, бара внимание, ја исцрпува сета енергија. Така, многу значајни теми се постојано потискувани; секогаш нешто друго е поургентно